
Сега власта е и кадија и судија, тоа е тргување со правдата и политизација на се она што значи право и правда. За ниту една влада поддршката не се стопила за толку краток период или за помалку од две години. На Зоран Заев никој не му верува, тој човек лаже, рече Владимир Ѓорчев член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија 24.
Оттука тој рече дека на вториот круг на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ очекувам раст на гласовите.
-Ги очекуваме гласовите на разочараните, скептичните. Ние им ветуваме на луѓето дека нешто што ќе се напише во програма мора да се реализира, посочи Ѓорчев.
Тој укажа дека ако нема полнење на кутии во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи во недела, ВМРО-ДПМНЕ очекува победа.