-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Музичарот Горан Папаз ќе настапува за Папата во Скопје

На 7-ми мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Горан Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Франциск.

Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, „Пресвето Срце Исусово” после 14:30 часот, каде што Папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.

-Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд, рече тој.

На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија”, и истиот ќе биде промовиран ова
лето.

Неодамна во етер го пуштија синглот „Спомени” кој е најава за тоа што следи.