Денеска немоќните, раселените и осудените гласаат за претседател на државата, Охрид и Ново Село гласаат за нов градоначалник

На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените локални што ќе се одржат во општините Охрид и Ново Село и започна изборниот молк.

Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 4.540 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.