
Член на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска направил сообраќајка со службено возило, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, дознава „Нетпрес“.
Станува збор за лицето Ј.Н. од обезбедувањето на Спасовски, а според фотографијата којашто ја доби нашата редакција, службеното возило „ауди А6“ кое тој го управувал, се судрило со цистерна.