
Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека е донесено решение со кое на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и се одобрува одложување на извршувањето на затворската казна заради чување на дете.
Извршувањето на санкцијата е одложено до 1 јули оваа година. Апелациониот суд Скопје претходно и ја намали казната на Јанкулоска од шест на четири години затвор. Јанкуловска е осудена за набавката на луксузниот мерцедес во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.