
Рената Дескоска, актуелната министерка за правда повторно ќе раководи со Министерството за образование од каде што дојде, а Министерството за правда ќе му припадне на кадар на ДУИ, објавува „Алсат“ телевизија.
Ова се дел од измените кои ги најави Зоран Заев. Наводно, тој направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети. Во него има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери. Меѓу ресорите каде може да има промени се и министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. На списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.
Целиот текст прочитајте го овде.