
Во попладневните часови во понеделникот жена и нејзината малолетна ќерка се тешко повредени откако во нив кај скопско Трубарево удрил автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на регионалниот пат Скопје – Велес, кај село Трубарево, кога автомобилот „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот А.А. од село Огњанци, скопско, вудрило во 34-годишната С.В. од Скопје и нејзината малолетна ќерка кои се движеле пешки.
Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.