Зеќири: ДУИ нѐ молеше да одиме со заеднички кандидат

ДУИ не молеше да одиме заедно на избори тврди потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири за Телма.

Тој во емисијата Топ Тема откри дека „интегративците” биле свесни дека слабо стојат меѓу граѓаните и за тоа да не се види не излегле со сопствен кандидат во првиот круг

-Не сакам да зборувам, но ДУИ нѐ молеше да одиме со заеднички кандидат,  рече Зеќири.

Тој потенцираше дека СДСМ секој ден губи од својата поддршка поради фактот што е во коалиција со ДУИ, партија која била дел од „режимот”.