Јанева: За Диво насеље индиции има, но „бомби“ нема

Специјалното јавно обвинителство има индиции за тоа како се случувале кумановските настани, но нема разговори за тоа, изјави првиот човек на СЈО, Катица Јанева одговарајќи н новинарско прашање.

Со оглед на тоа дека сѐ уште нема „бомби“ случајот „Диво насеље“ , не е сигурно  дали ова Обвинителство ќе може да воспостави надлежност врз овој предмет.

Предистражна постапка има, но ќе биде многу тешко да се воспостави надлежност. Прашањето е дали и воопшто СЈО ќе може да го преземе овој предмет, вели Јанева.

Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.