
Четири години по настаните во кумановското Диво Насеље и незавршениот судски процес за овој настан, денеска на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи протест под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците”.
Организатор на овој протест е Здружението на политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата од Диво Насеље.
Пресудата која еднаш беше донесена беше укината, а случајот беше даден на СЈО, зашто во политичките превирања во изминатите години, како и за повеќе други настани беше најавувано дека СДСМ има „бомби“ кои ќе помогнат во расветлувањето на тие случаи.
Има некои индиции, се работи предистрагата, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе биде преземен тој предмет, изјави вчера специјалната обвинителка Катица Јанева, прашана за кумановските настани, односно случајот Диво Насеље.