
Антикорупциската комисија отвора случај за тоа како е купен, односно продаден големиот паркинг-плац на атрактивна локација до Градскиот трговски центар од страната каде што е хотелот „Холидеј Ин“, објави 24 Вести.
Две фирми пред повеќе од половина година ја купија атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат, на која е предвидено да никнат 60-катници.
Парите беа уплатени еден месец пред да дознае јавноста во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра.