
Рускиот претседател Владимир Путин ка повика во четвртокот меѓународната заедница на воспоставувањето ефикасен безбедносен систем во борбата против теророзмот, неонацизмот и екстремизмот, во деновите кога Русија ја прославува 74-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа.
Во својот говор на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата 9-ти мај, Путин рече дека Русија е подготвена да соработува со суите коишто сакаат вистински да се борат против споменатите закани.
„Русија е отворена за соработка со сите оние кои се подготвени да се борат против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот… Ние ги повикуваме сите земји да ја сфатат нашата заедничка одговорност за создавање ефикансен систем на безбедност, еднаков за сите“, порача рускиот претседател.
Путин порача дека Русија работи и дека ќе прави сѐ што е потребно за да „осигура висока борбена подготвеност на своите вооружени сили и одбранбениот потенцијал на највисоко ниво“.
На почетокот од традиционалната воена парада на московскиот Црвен плоштад на 9-ти мај, Путин го честиташе Денот на победата, нарекувајќи го ден на националната гордост, тага и бескрајна благодарност на заштитниците на татковината кои го победиле нацизмот.
На годинешната парада учествуваа 13.000 војници и беа прикажани повеќе од 130 видови оружје, вклучително и напредниот противракетен систем „С-400“.
Парадите во чест на победата во Москва се одржуваат според ист терк како и правата парада одржана во 1945 година, малку повеќе од еден месец по капитуалцијата на Германија.