
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело, објави порталот Јанакизнае.
-Имено, на 01.05.2019 година пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош- стои во соопштението од Обвинителство.
Осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба.
За повеќе информации прочитајте ТУКА