(ВИДЕО) Во Аргентина за ранувањето на пратеникот и убиството на функционерот уапсени мафијаши

Аргентинските власти уапсиле припадници на локален мафијашки клан по нападот пред Конгресот во Буенос Аирес во кој загина еден функционер а пратеник се бори за животот.

Министерката за јавна безбедност Патрисија Булрич во петокот објави на Twitter дека „Полицијата на провинцијата Ентре-Риос, е уапосен еден од напаѓачите, Хуна Хозе Фенранде, кого го идентификуваме вчера. Тој се обиде да избега во Уругвај“. Претходно на пре-хонференција објави дека се притворени сите припадници на групата, вклучително и оној кој побегнал во Уругвај. Еден од осомничените бил уапсен во градот Консепсион-дел-Уругвај, а другиот со помош на Интерпол во соседен Уругвај. Вкупно во моментов аргенинската полиција уапсила шест лица во врска со нападот.

„Целиот ‘ромски мафијашки клан’ е уапсен, вклучително и еден од двајцата убијци на Јадон“, напиша Блурич на Twitter. Според неа притворените биле во автомобилот од кој било пукано.

Хектор Оливарес, пратеник на Радикалната граѓанска унија (UCR), која има претседателско мнозинство, тешко е ранет и примен во болница во Буенос Аирес, каде лекарите се борат за неговиот живот. Бил во вообичаена утринска проштека со пријателот Мигуел Марсел Јадон кого го убиле двајца напаѓачи кои го чекале во паркиран автомобил.

Видеоснимката покажува двајца мажи како излегуваат од автомобил паркиран во близината, стојат неколку моменти на местото на нападот и потоа заминуваат со возилото.

Педесет и осумгодишниот Мигуел Јадон и 61-годишниот Хектор Оливарес доаѓаат од Риоха, на северозападот на Аргентина и се состанари во станот во квартот каде што се наоѓа аргентинскиот Конгрес додека поради работа престојуваат во престолнината. Ранетиот пратеник работел на закон за сузбивање на хулигантството на фудбалските страдиони кое во Аргентина има драматични размери, а Јадон, пак, од 2017 година е координатор на фондот за електрична инфраструктура во Риоха, изборна база на поранешниот претседателот Карлос Менем. Извор близок на партија UCR изјавил AFP дека управувањето со фондот би можело да биде причина за убиството на Мигуел Јадон.

Ненадејниот напад во центарот на аргентинската пресолнина на почетокот од кампањата за претседателските избори го вознемири градот и поттикна нагаѓања за политичките мотиви. Локални функционери и медиумите, пак, тврдат дека инцидентот е од личен карактер и дека групата го имала за цел токму Јадон. Булрич истакна дека нападот бил планиран, но дека мотивот, без разлика да ли е политички или личен, сѐ уште не е познат и оти се истражува.