САД испраќаат уште еден брод и ракетен систем на Блискиот исток

САД ќе ги распоредат воениот брод „USS Arlington“ и противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток, објави во петокот Пентагон во екот на зголемување на напнатоста со Иран, пренесуваат во саботата новинските агенции.

Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигна и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

„САД не бараат судир со Иран, но подготвени сме да ги браниме американските сили и интереси во овој регион“, се наведува во најновото соопштение на американското министерство за одбрана.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во текот на неговата ненајавена посета на ирачката престолнина Багдад во средата одржа разговори на високо ниво и притоа предупреди на наводно загрозување на американските интереси од страна на Иран. Претходно ненадејно ги откажа разговорите во Берлин со германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас и канцеларката Ангела Меркел поради споменатото патување.

Американскиот министер за одбрана Патрик Шанахан изјави во понеделникот дека го одобрил испраќањето на групата на носач на авиони и бомбардерите на Блискиот исток поради „убедливата закана од силите на иранскиот режим“, но не изнесе поединости за тоа на кои разузнавачки податоци се темели неговата одлука. „Станува збор за смислено преместување на силите како одговор на индициите од веројатна закана од силите на иранскиот режим. Го повикуваме иранскиот режим да ги прекине сите провокации. Ќе го сметаме иранскиот режим одговорен за секој напад врз американските сили или нашите интереси“, напиша тогаш на Twitter Шанахан.

Иран потоа објави дека суспендира дел од своите обврски кои произлегуваат од меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма од 2015 година потпишан со шесте светски сили, од кој точно пред една година еднострано се повлекоа САД и наметнаа нови санкции. Техеран за тоа даде рок од 60 дена и од друга страна очекува Европската унија да ги одржи своите ветувања и да продолжи да работи со Иран и да купува иранска нафта, и покрај американските закани за санкции. Повеќето аналитичари сметаат дека тоа е невозможно, и покрај тоа што Германија и Франција подготвија платежен механизам за „недоларско“ тргување со што би ги заобиколиле американските санкции.

Иранската Револуционерна гарда во петокот објави дека нема да преговара со САД, а влијателен клерик порача дека американската флота може да биде „уништена со една ракета“. Гардата ова го истакна во одговорот на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп кој во четвртокот апелираше до иранските челници на преговори за нивното откажување од нуклеарната и балистичката програма, и рече дека не може да ја исклучи опцијата од воен судир поради зголемените тензии меѓу двете земји.

Истовремено, американските комерцијални бродови вклучително и танкери со нафта, кои пловат преку клучните блискоисточни поморска патишта, би можело да станат цел на Иран, предупреди американската агенција за поморство MARAD. Оваа агенција во четвртокот предупреди дека од почетокот на мај постои поголема можност дека Иран и неговиот регионални сојузници ќе дејстввуаат против САД и неговите интереси во регионот.