
Владата на Фуџајра, емират во составот на Обединетите Арапски Емирати, ги негираше во неделата медиумските извештаи за експлозија во пристаништето ал-Фуџајра, се наведува во твитот кој го објави бирото за односи со медиумите.
Фуџајра е емират сместен недалеку од Ормускиот теснец, виталниот коридор за транспорт на нафра и природен гас наменети за светските пазари.
Во соопштението не се наведени медиумите кои ја објавија оваа информација, но интернет страницата на иранската телевизија PressTV тврди дека либанската телвизија Al Mayadeen, блиска на шиитскот движење Хезболах, биле нападнати седум нафтени танкери.
Според подоцнежната информација на либанската телевизија, седумте танкери биле целосно изгорени, а пожарникарите сѐ уште се обидувале да го изгаснат пожарот. Во прилогот на Al Mayadeen не се наведува што ги предизвикало експлозиите или пожарот.
Корисници на социјалните мрежи, пак, објавуваа во текот на денот дека американски и француски авиони од недореден вид и модел го надлетувале пристаништето.
„Бирото за медиуми при владата на Фуџајра ја негира вистинитоста на медиумските извештаи во кои се наведува дека утрово пристанишетот ал-Фуџајра го потресле силни експлозии“, се наведува во соопштението и се додава дека во „пристаништетот активностите се одвиваат како и обично“.
Портпаролот на Петтата флота на американската воена морнарица, чие седиште е во Бахреин, на прашање на агенцијата Reuters рекол дека нема коментари.
Тензиите во регионот се зголемија откако САД оваа седмица во него ги испратија воениот брод „USS Arlington“ и противоздушниот ракетен систем „Patriot“, а групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигна и бомбардерите „B-52. Според Вашингтон, овие мерки се преземени поради „јасните знаци“ дека Иран ги загрозува американските сили и интереси во регионот.
Иранската Револуционерна гарда на тоа во петокот објави дека нема да преговара со САД, а влијателен клерик порача дека американската флота може да биде „уништена со една ракета“. Гардата ова го истакна во одговорот на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп кој во четвртокот апелираше до иранските челници на преговори за нивното откажување од нуклеарната и балистичката програма, и рече дека не може да ја исклучи опцијата од воен судир поради зголемените тензии меѓу двете земји.