Опожарен „мерцедес“ во Скопје

На 12.05.2019 година во 03,08 часот во ЕИК-Скопје, Д.В. пријавила дека на ул.„Теодосиј Синаитски“ во Скопје било опожарено паркирано патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки , сопственост на Осигурителна компанија.

Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е локализиран. Увид ќе се врши во текот на денот.