По расправија со сопругот се избодела со нож

Вчера околу 17 часот и 30 минути во Единицата за известување и команда Скопје од Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повредена 25- годишната В.М од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.

Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се пробола со нож во пределот на абдоменот.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.