Русјаков за Глас Истре: Македонија е тест на кој паѓа Европската унија

Ова е модерен холокауст, тотално уништување на македонскиот идентитет, истакна Александар Русјаков во интервју за хрватска Истра. Според него, во последните две години во Макеоднија е воведена тотална цензура, па се забрануваат книги, филмови, серии, меѓу кои и една негова серија.

Автор на интервјуто е Младен Радиќ, а Русјаков е во друштво со Алдо Климан.

Целото интервју на хрватски јазик прочитајте го на овој линк:

https://www.glasistre.hr/kultura/aleksandar-rusjakov-predstavio-se-u-prostorijama-istarskog-ogranka-drustva-hrvatskih-knjizevnika-nazivom-sjeverna-makedonija-ukida-se-makedonski-identitet-588086

Патем, во Пула Русјаков имаше претставување во ДХК – Друштвото на хрватските писатели, каде говореше пред присутните за се што се случуваше во овие последни години во Македонија со цел насилна промена на името. Средбата е одржана во Градската библиотека во која свои простории има Истарскиот огранок на ДХК. Алдо Климан, познат на македонската јавност и по неговите колумни во весникот „Дневник“, а сега во „Република“, правел голем дел од песните на Русјаков и таму беа рецитирани и неговите песни.

Пеачката група „Пракса“ настапила со „Абре Македонче“, а Марта Костурска ја извела „Јанка низ гора врвеше“.