
Во Клиничко-болничкиот центар „Ребро“ во Загреб 14 лекари успешно одвоија сијамски близнаци, кои ги оперирале цели 15 часа.
Валентина и Кристина се родени споени во долниот дел од градниот кош и имале заеднички црн дроб и црева. Нивното одделување, според лекарите, било една од најкомплицираните медицински процедури. За само два месеца од операцијата, девојчињата добро напредуваат – нивната тежина е двојно зголемена.
Освен што бебињата се родиле споени, проблем било тоа што тие се родиле предвреме и со неизбалансирана циркулација.