
Миле Бошњаковски дефинитивно заминува од Владата. Досегашниот портпарол денеска ја одржа последната прес конференција, а од вторник ќе работи како генерален секретар во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски
Ми беше задоволство и исклучителна чест во овие две години да соработувам со вас, да и служам, на сите вас, на новинарите, на снимателите па и на граѓаните. Се надевам соработката ќе продолжи и понатаму. Ако имало грешка простете, а сакам да се заблагодарам на премиерот Зоран Заев на министерот Роберт Поповски на сиот тим за односи со јавност, рече Бошњаковски.