
Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со засилен ветер и град.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.
Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има краткотраен дожд и грмежи.
Додека пак во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.