
Од денес, сите велосипедисти на Водно имаат на располагање сервисна станица со држач за велосипеди, алати и пумпа.
Станицата се наоѓа на вториот паркинг на Средно Водно.
Ја поставивме во соработка со градот за да им е од корист и помош на сите велосипедисти, пишуваат од „Прв на врв“.
Затоа да ја чуваме и користиме како своја, за да биде исправна секогаш кога ќе ни затреба, апелираат тие.