Хофер нов челник на австриската Слободарска партија

Актулениот министер за сообраќај Норберт Хофер беше именуван во неделата вечерта за нов челник на австриската крајна десна Слободарска партија (FPÖе), откако во саботата оставка од должностите шеф на партијата и вицеканцелар си поднесе Ханс-Кристијан Штрахе поради финансиско-политичкиот скандал во кој е вмешан.

Хофер, кој беше кандидат на (FPÖе) на претседателските избори кои ги загуби со само 31.000 гласови во кои беа решавачки контроверзните околу 740.000 гласови стигнати преку писма, го презема водството на партијата по оставјата на Штрахе од сите функции откако во германските медиуми Sueddeutsche Zeitung и Der Spiegel беше објавена снимка снимена на шпанскиот остров Ибица во кое Штрахе разговара со недна наводно претприемачка претставник на руски олигарх за финансиска поддршка при доделување предност на тендери.

На следната конвенција на Слободарската партија коајшто ќе биде одржана по изборите за Европскиот парламент на крајот од мај, одлуката за именувањето на Хофер ќе биде и формално потврдена.

„FPÖе влегува заеднички во следните парламентарни избор. Јас, во рамките на своите нови одговорности, ќе сторам сѐда оствариме добар резултат на изборите, со доследна работа на FPÖе во интерес на нашата татковина“, порача Хофер.

Австирскиот канцелар Себастијан Курц и претседателот Александедр Ван дер Белен најавија во неделата дека предвремените парламентарни избори во Австрија може да се одржат на почетокот од септември, откако во саботата се распадна коалициската влада. Курц објасни дека двоербата во соработката со FPÖе е нарушена и оти не постои основа за натамошна соработка.