Маскирани моторџии убија 11 лица во Бразил

Единаесет лица се убиени, а едно е рането кога вооружени напаѓачи со маски на главата упаднале во бар во градот Белем, во северен Бразил и почнале да пукаат кон присутните, јавија локалните медиуми.

Мотивите за нападот сѐ уште не се разјаснети и нема уапсени осомничени лица.