Реал Мадрид го продолжи договорот со Крос до 2023-та

Германскиот фудбалски репрезентативец Тон Крос ги продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, до 30-ти јуни 2023 година, соопшти во понеделникот „кралскиот“ клуб.

На 29-годишниот играч од средниот ред договорот му истекуваше во летото 2022 година. Откако во 2014 година дојде за 25 милиони евра од Баерн Минхен одигра 223 натрпевари во дресот на Реал Мадрид и впиша 13 голови и 59 асистенции.

Во форамцијата 4-3-3 Крос играше на средината на теренот со Лука Модриќ и Каземиро, и беше еден од клучните играчи во освојувањето на трофеите. Во белиот дрес Германецот беше победник во првенството на Шпанија во 2016 и 2017, освои три титули во Лигата на шампионите (2015./2016, 2016./2017, 2017./2018), два европски Суперкупа во 2016 и 2017, четири светски клупски првенства во 2014, 2016, 2017 и во 2018 година.

Реал Мадрид во неделата бепе поразен на свој терен од Реал Бетис со 0:2, во последното коло до шпанското првенство кое го заврши на третото место со рекордни 19 бодови заостанување зад првакот Барселона и со 12 порази, што е најлошиот скор за „Кралевите“ барем во овој милениум.