Торонто го намали водството на Милвоки во финалето на Истокот

Торонто Рапторс ноќта кон понеделникот во третиот меч од финалето на Источната конференција во НБА лигата намалија на 1-2 во победите откако на домашен паркет ги совладаа Мливоки Бакс со 118:112 по две продолжувања.

Торонто играше добро и цврсто, а го предводеше Каваи Леонард со 36 коша. Паскал Сиакам додаде 25 коша со 11 скокови за Рапторс, а Марк Гасол 16 коша и 12 скокови.

Натпреварот, како што оцени тренерот на Торонто, го пресуди дорбата одбрана на Рапторс кои Јанис Антетокунмпо го ограничија на само 12 поени а потоа во второто продолжение излезе од игра поради прекршоците, но имаше пак 23 скока. Џорџ Хил беше најдобар стрелец кај Милвоки со 24 поени, а Малколм Брогдон додаде 20 коша.

Рапторс водеа 30:21 по првата четвртина и тоа им беше најголемата предност на мечот, а имаа 58:51 на полувремето, но на почетокот од последната четвртина имаа предност од само два коша.