Битолчани се шегуваат на сметка на скопјани: Не можевте да одберите подобар град за геј парада

Во Скопје годинава ќе се одржи парада на гордоста или попозната како Геј парада. Таа е планирана за 29 јуни каде што неколку стотици учесници ќе прошетаат низ улиците на Скопје, а битолчани се шегуваат на сметка на скопјани.

Битолчани се многу задоволни и ја поздравуваат одлуката бидејки град Скопје е вистинското место и баш скопјани вистински ја заслужуваат Геј парадата. Затоа веќе подолго време од Битола во Скопје намерно е испратен битолчанец кој е главен на таа лгбт заедница кој придонесува за грижа на геј популацијата и љубов без граници. Да не остани покусо и со право нашиот јужен сосед кои од дамнина се светски познати по тие сега „современи” работи, веќе подолг временски период нѐ ословува како Република Скопје. Да Ви биди среќна и бериќетна парадата драги скопјани, долги години традиционално да си ја одржувате и да си ја земите и за куќна слава. И да не се секирате сѐ што имаме од кај нас благовремено и навремено ќе Ви ги испратиме, само да има љубов меѓу сите вас таму, стои во соопштението на битолчани.

Текстот е за забава и од рубриката лабаво во спомен и негување на традицијата на нашето вечно ривалство