
Вчера, околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје.
Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.