
Челничката на Долниот дом на парламентот на Обединетото Кралство и истакната поборничка на напуштањето на Европската унија, Андреа Лидсом, во средата со писмо поднесе оставка на својата должност во владата на премиерката Тереза Меј, истакнувајќи дека повеќе не го поддржува владиниот пристап во процесот на брегзитот.
„Со големо жалење и со тешко срце ја напуштам владата“, напиша Линдсом во писмото објавено на Twitter.
Премиерката Тереза Меј во средата ги отфрли сѐ погласните барања да поднесе оставка, ветувајќи дека ќе остане на должноста и покрај сѐ поголемото противење на пратениците па дури и на некои минситри, во нејзиниот најнов потег во поглед на брегзитот. Меѓутоа, Андреа Лидсом, за која медиумите на Островот пишуваат дека има и премиерски амбиции, објави дека не може да го објави нејзиниот нов предлог закон за спроведување на договорот за британскот повлекување од ЕУ во четврток во парламенто, бидејќи не верува во него.
Новиот план на Меј го вклучува и гласањето за тоа дали треба да се одржи втор референдум за брегзитото, кога нејиниот закон ќе ја мине првата фаза, како и потесни економски односи со ЕУ во иднина. Но со тоа ја предизвика жестоката реакција и на неколку пратеници кои досега ја поддржуваа рекоа дека тоа нема да го прават повеќе.
„Повеќе не верувам дека нашиот приспал ќе го реализира резултатот од референдумот. Не верувам дека ќе бидеме навистина независно Обединето Кралство благодарение на оговорот кој беше предложен. Секогаш сметав дека втор референдум можќе да доведе до опасни разногласија. Не поддржувам влада којашто доброволно оди на таква отстапка“, пишува Линдсом.
Политичарката која во кабинетот на Меј беше задолжена за организација на владините работи во Долниот дом на парламентот ја повикува премиерката да го следи нејзиниот пример.
„Никој не го посакуваше Вашиот успех повеже од мене, но сега Ве повикувам да донесете вистински одлуки во интерес на земјата, оваа влада и нашата партија“, додава Линдсом.