
Германскиот фудбалски вицепрвак Борусија од Дортмунд го ангажираше репрезентативниот офанзивен играч за врска, 23-годишниот Јулијан Бранд, досегашен играч на Баер од Леверкузен, со кој потпиша петгодишен договор.
Бранд е веќе третото засилување на Борусија за новата сезона, во вторникот во клубот од Дортмунд стаса десниот бек Нико Шулц од Хофенхајм, а претходно во средата и белгискиот играч од средината на теренот Торгас Азар од Борусија Менхенгладбах.
За Бранд беше заинтересиран и германскиот првак, минхенски Баерн, но овој се реши за Борусија. Вредноста на трансферот изнесува 25 милиони евра.