Најголемата криминална организација во светот

Јакузи (јап.. ヤ ク ザ), познати исто така, како гокудо (јап. 極 道), се членови на јапонската криминална организација, на традиционалниот синдикат на организираниот криминал, уште позната како “насилничка група”.

Името го добиле по популарната игра со карти ханафуда или најлошата комбинација која играчот може да ја извлече: 8 (ја), 9 (ку) и 3 (са), што во буквален превод значи безначајно, па во Јапонија уште ги нарекуваат 893. Најголема е криминална организација во светот.

Се препознаваат по кратка подшишана коса, тетоважи речиси по целото тело (најпопуларни се ирезуми и хоримоно) и по недостаток на малиот прст на раката (тој ритуал на опстранување се нарекува јубитсуме).

Имено, при првиот прекршок, сторителот мора да го отсече врвот на малиот прст на левата рака и да му го предаде на својот претпоставен.

Потеклото на јакузата лежи во разбојничките семејства на таканаречените ронини, одн. самураи без господари кои скитале и ја ограбувале Јапонија. Првата вистинска јакуза организација е создадена пред околу 300 години. Тоа биле банди Бакуто (коцкари) и Теки (улични трговци).

Во времето на обновата Меиџи, одн. модернизација на Јапонија, тие почнале да развиваат бизнис поврзан со криумчарење, уцена, изнудување, рекетирање и организирање на проституцијата. Тие потекнуваат од сите слоеви на јапонското општество. На врвот на организацијата се наоѓа ојабун (татко) кој командува со потчинетите (кобуни). Со пристапувањето во организацијата, секој член се откажува од крвните врски.

Поголемите групи на јакузи се составени од неколку помали кои се лојални на босот на кланот на кумичоу. Кумичо има мрежа од соработници, саико-комоне (постари советници) каде секој раководи со некој од бизнисите во градските населбите кои се под нивна контрола. Принципот на работата на јакузата е: “да се работи тајно зад правните паравани”.

Најголемиот од сите кланови е Јамагучигуми, кој се занимава со трговија на дрога, перење пари и порнографија. Повеќе од три децении нивниот водач е Казуо Тоака, трет ојабун од основањето на кланот, до 1981. година, кога бил смртно ранет. Ова е исклучиво тајна машка група каде што на жените не им е дозволен пристап. Само жената на водачот контактира со другите членови кои ја нарекуваат ане-сан (постара сестра). Симболот на кланот е лого во облик на ромб кој го носат на ревер, а со кој се влага каде и да посакаш.