
„Старата дама” постигнала начелен договор со Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
На италијанскиот шампион сега му преостанува да ги договорите деталите со претставниците на Лацио и на српскиот фудбалер.
На „Олимпико” минатата година за услугите на Милинковиќ-Савиќ бараа 100 милиони евра, а раководството на Јувентус ни ова лето нема да помине лесно, ако се земе предвид добрата игра што нивниот играч ја покажа оваа сезона.
Милинковиќ-Савиќ одигра 41 натпревар во сите натпреварувања постигнувајќи седум голови, а со Лацио го освои и Купот на Италија.