ВИДЕО: Општина Охрид ги откорна палмите

Во Охрид денес започна отстранувањето на сите палми кои беа засадени на различни локации покрај Охридското езеро.

Во Охрид беа посадени 250 палми.

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот Македонија и на потегот од каналот Студенчишта до поранешен хотел Парк, се вели во соопштението од општината.