
Во центарот на фраанцускиот град Лион, на улицата Виктор Иго, меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17.40 часот експлодира бомба, јавува дописникот на МИА.
Според Министерството за внатрешни работи, осум лица се повредени.
Експлозивната направа била рачно направена. Овој трговски дел на градот е опколен од силите на редот.
Префектуарта на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.