Арсовски: Заев прави терен за да си ја зацврсти позицијата во партијата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на Алфа ТВ истакна дека од најавената „метла“ на Зоран Заев нема ништо, односно како што рече Арсовски, ова е уште еден класичен театар од страна на СДСМ.

„Би сакал да истакнам дека во моментот на онаа таканаречена „метла“ што се прави внатре во СДСМ е еден класичен театар бидејќи ние имаме комуникација со многу пријатели и симпатизери кои што се подржувачи на СДСМ и на голем дел од претседателите на општинските организации им било најпрво кажано ќе бидете разрешени, ќе аплицирате повторно и ќе бидете реизбрани, така да ова уште еднаш покажува дека се работи само за театар“, кажа Арсовски.

Според него Заев нема доволно капацитет да признае одговорност за неработењето на владата во изминатите две години, како и дека тешко може да се врати довербата на граѓаните бидејќи до сега се случија голем број на скандали од страна на Заев и неговата влада.

Зоран Заев покажа дека нема капацитет да си ја признае одговорноста во работењето во владата, потенцираше Арсовски.

Се работи за еден политички театар кој што треба да ја оправда одговорноста и да ја врати довербата кај граѓаните, која што секако не може да се врати по ниедна цена бидејќи видовме толку многу скандали и едноставно Зоран Заев си прави терен за да си ја зацврсти позицијата внатре во својата партија бидејќи очигледно е дека многу луѓе ќе ја бараат кривицата и одговорноста од врвот, а тоа е токму Зоран Заев, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.