Ципрас по поразот најави предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, чијашто владејачка коалиција на радикалната левица Сириза е поразена на европските и на локалните избори во неделата, најави ноќта кон понеделникот дека ќе повика на одржување предвремени парламентарни избори, веднапш по вториот круг од локаните избори на 2-ри јуни.

Сириза беше поразена за осум процентни поени од главната опозициска конзервативна партија Нова демократија, покажаа првичните прелиминарни резултати.

„По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот (на државата) веднап да се организираа општи избори“, рече Ципрас во обраќањето кое го пренесуваа локалните телевизии.

Ципрас, чиј четиригодишен мандат истекува до крајот на октомври годинава, ги сметаше европските избори за гласање за довербата во неговите политики. Очигелдно не успеа да го капитализира економското закрепнување и пдобрувањето на макроекономските показатели. Грција тешко заздравува од тешката рецесија и сѐ уште има најголема стапка на невработеност во ЕУ, од 18 отсто.

Излезните анкети од изборите велат дека Сириза, исто така, ги загубила гласовите од младите, бидејќи мнозинството Грци на возраст меѓу 17 и 24 години гласале за Неа демократиа или за неонацистичката Златна зора.

Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис претходно го повика 44-годишниот премиер веднаш да поднесе оставка и да распише предвремени избори.