Глувчешка треска ни тропа на врата, инфектолозите смируваат

Пред една недела во регионот, поточно во Словенија беа регистрирани случаи со глувчешка треска. Сериозна заразна болест која може да биде опасна по човековиот живот. Инфектолозите во земјава смируваат и велат дека кај нас нема регистрирани случаи на оваа акутна инфективна болест.

Во Македонија нема регистрирано случаи со глувчешка треска. Оваа болест ја пренесува полскиот глушец, кој вирусот го ифрла преку своите екскрети. Човекот се инфицира кога ќе дојде во контакт со овие екскрети. Инфекцијата најчесто се јавува кај војници, шумари, земјоделци и ловџии, кои многу лесно доаѓаат во контакт со заразен материјал, тврди за Фактор инфектолот Катица Марангозова.

Марангозова вели дека за оваа болест сеуште нема вакцина и истата се лекува сиптоматски. Карактеристични симтоми за глувчешка треска се висока температура, силна главоболка и болка во стомакот.

Симптомите кои покажуваат знаци дека ја имате болеста се треска, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, слабост, стомачни тегоби. Но, може да се појави и исип со појава на мали точкести крварења по кожата и слузокожите, намален крвен притисок, тахикардија, исто така може да дојде и до акутна бубрежна инсуфициенца т.е намалено мокрење, потенцира Марангозова.

Инаку во Словенија, како што пренесуваат медиумите од таму, во тековната година имало регистрирано 70 случаи со глувчешка треска, најголемиот дел од нив биле регистрирани во југоисточниот дел од земјата.

Превенција од оваа болест е уништување на глоцарите, односно дератизација но и со зголемување на личната хигиена.

Извор: faktor.mk