
На 27.05.2019 година во 04:20 часот пред казино на ул.„Илинденска“ во Кавадарци, додека преземал службени дејствија во врска со претходно нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеник бил физички нападнат од Ф.С.(24) од Република Албанија.
Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.