Антикорупциска со иницијативи за кривична одговорност за Јовановски и Панчевски

Државната антикорупциска комисија поднела две иницијативи за кривична одговорност за двајца функционери за непотизам.

Тоа се однесува на актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за злоупотреби при вработување на нивни роднини. Панчевски го вработил својот внук додека бил претседател на Судот, и покрај тоа што тој не бил на листата на пријавени кандидати.

Од февруари Комисијата отворила 276 предмети, а од нив 28 се затворени.

Експерти денеска одржаа состанок за улогата на Антикорупциската комисијата.