
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој беше дел од чистка на премиерот Зоран Заев, односно разрешен од функцијата потпретседател на СДСМ, смета дека во овој период навистина е потребен мир во работење на неговата партија.
Не би сакал во овој период во кој што навистина е потребен мир во партиското работење на СДСМ, наша проценка заедничка беше дека треба да направиме рестартирање на партиските структури што неминовно ќе доведе до рестартирање и во државните институции, одговори Шилегов на прашањето- која е причината за промената што тој не е повеќе потпретседател на СДСМ и дали е задоволен од работата на партијата.
Градскиот татко без конкретен одговор и дали очекува промена на раководството во Град Скопје, односно негово разрешување и разрешување на негови соработници.
Една ипол година е како јас го водам Градот, заедно со луѓето што се дојдени и јас во принцип сум задоволен од нивната работа и работата што ја имаме сработено во Градот.
https://www.youtube.com/watch?v=hzj7aPpzDxU