
Во 13.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека биле најдени три бомби во кофа.
МВР информира дека 56-годишниот Љ.М. од Кичево на улицата „4-ти Јули“ во пластична кофа пронашол три рачни бомби.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Кичево безбедно ги подигнал за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.