САД одново ѝ се заканија на Европа со санкции поради Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно им се закани во средата со санкции на Германија, Велика Британија и Франција, доколку овие европски земји започнат да го применуваат механизмот INSTEX за тргување со Иран со кој се заобиколуваат санкциите на САД, пренесе агенцијата Bloomberg News, цитирајќи писмо на земникот министер за финасии, Сигал Манделкер.

Претходно министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија ја соопштија намерата за содавање заеднички механизам за безвалутно порамнување со Иран ткн INSTEX (Instrument in Support of Trade Exchanges), кој ќе им овозможи да ги заобиколат американските рестриктивни мерки.

Според текстот од документот во кој агенцијата имала увид, субјектите кои се вклучени во создавањето на споменатиот механизам ќе бидат исклучени од американскиот финансиски систем. Неименуван извор на Bloomberg рекол дека писмото претставува предупредување за земјите кои се поврзани со INSTEX.

На барање на Bloomberg за коментар на писмото на Манделкер, од американското министерство за финансии истакнале дека сАД „моќе да воведуваат растриктивни мерки против организации, кои остваруваат трговски операции со Иран“.

Во мај 2018 година САД излегоа од меѓународниот нуклеарен договор на Иран со шесте светски сили од 2015 година, и потполно ги вратија економските санкции кон Техеран. Покрај тоа, Вашингтон се закани со санкции и за компаниите и државите кои вложуваат во иранската економија и трговаат со Техеран. Американските власти особен го целат иранскиот финансиски систем и извозот на нафта кој сакаат да го сведат „на нула“ кој е главен извор на финансии за земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од мај воведе нови санкции за „иранскиот сектор на железо, челик, алуминиум и бакар“, за да го засили притисокот врз Техеран и се закани со „нови мерки“ доколку Иран „радикално не го промени однесувањето“. Тогаш Тим Морисон, специјалниот помошник на Трамп и шеф на одделот за прашања за оружје за масовно уништување, исто така, се закани дека САД многу брзо ќе реагираат доколку некои европски земји се обидат да ги поткопаат санкциите и притисокот на Вашингтон врз Техеран. Ги советуваше да не посегнуваат по ткн специјален механиам за со „недоларското“ тргување да ги заобиколат американските санкции.