Турција ослободи научник на американска NASA

Турските власти во средата го ослободи Серкан Ѓулѓе, научник на американската агенција за вселенски истражувања NASA, кој има двојно американско и турско државјанство, поради чиешто двегодишно затворање, меѓу другите причини, се влошија односите меѓу двете земји.

„Ја поздравуваме веста за денешното пуштање на Серкан Ѓулѓе од затворот. И натаму ќе го следиме неговиот случај“, изјавила портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагас, и ја повикала Турција што поскоро да му овоможи на научникот да се врати дома.

Ѓулѓе беше притворен во 2016 година во текот на неговата посета на татковината, кога во тек беше масовното апсење на осомничените за учество во неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули истата година припадници на организацијата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој со години живее во добровелен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија.

И покрај острите протести на Вашингтон, Ѓулѓе во февруари 2018 година беше осуден на седум години затвор поради припадност на ѓулестиничката организација FETO, која Анкара ја прогласи за терористичка организација.

Турскиот суд ланскиот октомври ослободи уште еден Американец кој беше затворен по истото обвинение. Станува збор за пасторот Ендрју Браснон, чиешто затворање а потоа и испраќање во куќен притвор во Турција предизвика тешка криза меѓу Анкара и Вашингтон