Почина детето кое доби изгореници од струен удар

Детето кое доби изгореници од струен удар, за жал, почина, дознава КУРИР.

Несреќата се случи на 24-ти овој месец, по која детето имаше сериозни повреди.

Момчето беше сместено во болницата Пирогов, во Софија. Беше под контрола на  специјалист за детски изгореници, но за жал не успеаја да му го спасат животот.

КУРИР побара потврда за оваа тажна вест од Министерството за здравство, од каде ни одговорија:

„Момчето кое пред неколку денови настрада од струен удар и се здоби со изгореници им подлегна на повредите. Направивме сѐ за да му помогнеме и да го спасиме неговиот живот. Родителите на момчето не сакаат да се користи овој случај во јавност и ја почитуваме нивната одлука“.