
На 30.05.2019 година околу 03:00 часот во угостителски објект, во кој била спроведена акциска контрола, покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, полициски службеници ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје.
МВР денеска соопшти дека при преглед кај неа бил пронајден кокаин, поради што била задржана во Полициската станица Гостивар.
По целосното документирање на случајот, против Р.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.