
Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 14 степени, а дневната температура од 16 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 28 степени.
Во петок и сабота претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер. Во недела и во понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, а врнежите пообилни.