
За поголемиот број мажи би било остварување на сите соништа ако некоја девојка им пријде и ги праша дали сакаат да имаат секс со неа, без обврски и без размена на телефони.
Девојката која се претставува како Андреа, го направи токму ова, во рамки на експериментот што досега го погледнале речиси 5 милиони луѓе!
Од 100 мажи, 30 веднаш прифатиле веднаш да тргнат со неа, додека еден одлучно рекол:
-Имам девојка!
Меѓу нив имало и едно момче кое рекло дека тоа не е нормално и си заминало.
Еден повозрасен господин го изненадил целиот тим со неговата реакција:
-Зошто таква убава, млада девојка говори такво нешто?
Инаку, кога бил спроведен ваков експеримент врз жени, ниту една од девојките не прифатила.