
Летото е период погоден за одмор и релаксација. Сите знаеме што е потребно да се заштити кожата од сонцето, но, што кога станува збор за косата?
Косата не може да добие изгореници како кожата, но сонцето, ветерот, соленото море и хлорот секако влијаат врз нејзиниот квалитет. Таа станува сува и кршлива, врвовите почнуваат да изгледаат како слама и бојата им бледее. Но, со правилна нега може да се спречи оштетувањето на косата.
Ви пренесуваме неколку совети од салон за разубаввање во Скопје „ID Team Hair Bar“ во врска со оваа тема.
Косата којашто во текот на целата година сте ја негувале, може за само 10 дена да се уништи од сонцето, додека безгрижно уживате на плажа.
„Sun Protect“ производите се неопходни за лето
Овие производи ќе ја заштитат вашата коса кога ќе бидете изложени на сонце. Ќе ја заштитат од солената вода или хлорот во базен, кој ја нагризува косата.
Што треба да знаете пред да ја изложите косата на сонце?
На косата и е потребна тројна заштита-од УВЕ / УВБ. Витаминот Е работи на заштита на косата оштетена од сонце, дополнува и додава сјај.
Витаминот Е е важен во заштитата на косата од оштетување на слободните радикали, бидејќи не дозволува сонцето да ја уништува бојата, со тоа што ги задржува тоновите. Овој витамин длабоко продира во косата, ја регенерира внатрешната клеточна структура.
Препорачуваме:
- Нежно смирувачки шампон за коса, погоден за секојдневна употреба.
- Третман со маска за длабинско обновување за косата ( се нанесува од средината кон краевите. Оставете да делува 5 до 10 минути. На крајот се плакне темелно.
- Спреј за расчешлување на косата со УВ заштита. Се нанесува на измиена коса.
- Спреј кој е водонепропустлив. Се нанесува на скалпот и по должина на целото влакно на косата, 3 до 5 пати дневно додека сте изложени на сонце.