Листа на сите надворешни соработници на Заев

Премиерот Зоран Заев има вкупно 39 надоврешни соработници во речиси сите области од дипломатија, економија и регионална политика, па до спорт, односи со јавноста и социјала. На списокот советници се познати лица за јавноста, некои како истакнати професионалци, а други со контраверзна приватна и професионална позадина.

ИРЛ (Истражувачка репортерска лабараторија) објави список на сите 39 надворешни советници на Заев, со опис на нивната работа и месечниот надоместок. За сите советници во моментот се одвојува 307.000 евра годишно.